Од неодамна е основана непрофитната компанија Пакомак која треба ефикасно да го менаџира целиот процес на третирање на амбалажниот отпад, од неговото прибирање, селектирање, транспорт, се до крајниот процес рециклирање. Нејзините активности се насочени кон зајакнување на капацитетот на постоечките компании што собираат, селектираат и рециклираат, да им помогне да извадат што повеќе материјал за рециклирање пред да се однесе на депонија. Намалување на дивите депонии, продолжување на животниот век на постоечките депонии, рециклирање на над 60% од амбалажниот материјал и негово енергетско искористување е крајна цел на Пакомак, што е во согласност и со националните цели на Министерството за животна средина.
Од неодамна е основана непрофитната компанија Пакомак која треба ефикасно да го менаџира целиот процес на третирање на амбалажниот отпад, од неговото прибирање, селектирање, транспорт, се до крајниот процес рециклирање.
Нејзините активности се насочени кон зајакнување на капацитетот на постоечките компании што собираат, селектираат и рециклираат, да им помогне да извадат што повеќе материјал за рециклирање пред да се однесе на депонија.
- Намалување на дивите депонии, продолжување на животниот век на постоечките депонии, рециклирање на над 60% од амбалажниот материјал и негово енергетско искористување е крајна цел на Пакомак, што е во согласност и со националните цели на Министерството за животна средина. Со реализација на овие активности ќе се развие една цела индустрија, ќе се отворат нови работни места, развој на нови технологии и се создава можност да се оствари девизен прилив преку извоз на рециклираниот отпад - изјави Филип Ивановски, директор на Пакомак.